info@dragonfly.mk +389 78 387 388 +389 78 424 304

РЕИШИ - ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ЛЕГЕНДАТА ЗА “ПЕЧУРКАТА НА БЕСМРТНОСТА”

Reishi (Ganoderma lucidum) води потекло од Источна Азија, каде што се користела повеќе од 2.000 години во традиционалната медицина на Кина, Јапонија и Кореја. Во природата таа расте во топли, влажни и сеновити предели, најчесто на основата на трупците од стари листопадни дрвја.

Во древна Кина, каде што се нарекува Lingzhi (Лингжи) , оваа печурка била толку ретка, што обичниот народ не смеел да ја консумира. Ако некој ја најде во шумата, морал веднаш да ја однесе во палатата на императорот. Царските семејства верувале дека таа им дава вечна младост, мудрост и бесмртност.

Најстарите записи за Реиши се наоѓаат во “Shennong Ben Cao Jing” – кинеска книга за лековити растенија стари илјадници години, каде што Лингжи е класифицирана како супериорна билка, која може да се зема цел живот без никакви несакани ефекти, служејќи за продолжување на животот.

images.jpeg

Како Реиши го враќа балансот во сегашниот модерен живот?

Многу често се чувствуваме како нашето тело постојано да работи во “петта брзина”, а умот едноставно не може да се исклучи. Во денешното брзо живеење, стресот, хроничниот замор и падот на имунитетот станаа секојдневие. Прочитајте неколку начини на кои Реиши делува на организмот. 

 

Моќен штит за имунитетот, имуномодулација  

Една од најважните карактеристики на Реиши е нејзината способност да го “моделира” имунолошкиот систем. Таа содржи сложени шеќери (полисахариди), наречени бета – глукани кои го стимулираат производството на белите крвни зрнца (особено т.н. “клетки убијци” ), овозможувајќи му на телото поефикасно да се бори против вируси и бактерии. Реиши работи како имуномодулатор кој го балансира имунитетот , наместо само вештачки да го крева имунитетот – тој го засилува кога е слаб или ако е премногу активен (како што е кај алергии и автоимуни болести), помага да се смири.

 

Силен адаптоген против стрес, анксиозност и несоница  

Реиши е класифициран меѓу врвните природни адаптогени. За разлика од кофеинот кој дава лажна и нагла енергија (која брзо опаѓа), Реиши буквално му помага на вашето тело да се адаптира на физичкиот и емоционалниот стрес, т.е. го регулира кортизолот (хормонот на стрес). Клинички е докажано дека го намалува менталниот замор, ја намалува анксиозноста и помага за побрзо влегување во длабок и квалитетен сон.

 

Заштита на срцето и циркулацијата  

Истражувањата покажуваат дека стеролите и ганодеричната киселина во Реиши, делуваат како природни агенси против згрутчување на крвта ( антитромбоцити) и ја спречуваат апсорпцијата на вишокот маснотии. Помага во чистењето на крвните садови, го намалува лошиот (LDL) холестерол и триглицеридите и придонесува за нормализирање на крвниот притисок.

where-do-reishi-mushrooms-grow-hero.jpg

 

Подршка при третман на најтешките болести (канцер)  

Според сеопфатните медицински прегледи (како што е реномираниот Cochrane преглед ), екстрактот од Реиши се користи како одобрена комплементарна терапија во земји како Јапонија и Кина веќе со децении. Истражувањата на пациенти покажале дека оние кои користеле Реиши заедно со хемотерапија или радиотерапија имале подобар одговор на лекувањето и подобар квалитет на живот, со помалку изразени несакани ефекти од зрачењето и токсините.

 

Олеснување на алергии и астма

Истражувањата потврдуваат дека ганодеричната киселина во Реиши има способност да го блокира ослободувањето на хистаминот во телото. Делува како природен антихистаминик и значително ги ублажува симтомите на  сезонски алергии, хронична кашлица и кивавица и ја подобрува функцијата на белите дробови кај лица со астма.

 

Подршка на виталноста при долготраен замор  

Хроничниот замор е често како резултат на воспаленија во организмот или хормонален дисбаланс. Благодарение на богатиот состав на антиоксиданси и германиум , Реиши ја подобрува циркулацијата и искористувањето на кислородот во клетките, а резултатот е стабилно и долгорочно подигнување на виталноста.

Реиши не е волшебно апче кое делува во рок од пет минути, туку долгорочен сојузник на вашето здравје. Првите вистински резултати обично се забележуваат по неколку недели редовно користење.

images-2.jpeg

 

Референци: 

1.  Anti-Tumor Effects of Ganoderma lucidum (Reishi) in Inflammatory Breast Cancer in In Vivo and In Vitro Models

2. Ganoderma lucidum (Reishi mushroom) for cancer treatment

3. Exploring the Therapeutic Potential of Ganoderma lucidum in Cancer

Добивајте известувања за сите попусти и промоции

Оставете ја вашата електронска пошта и добивајте редовни и навремени информации за нашите промоции!
Ви благодариме на довербата

Име и презиме
Телефон
Е-пошта
Порака
Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Your message has been sent. Thank you!