info@dragonfly.mk +389 78 387 388 +389 78 424 304

ОД ЗОМБИ СЕРИЈА ДО СУПЕРХРАНА - ШТО Е ВСУШНОСТ КОРДИЦЕПС?

Дали некогаш сте слушнале за габа која може да го трансформира вашето тело, да ви даде неверојатна енергија и да го зајакне вашиот имунитет, а притоа нејзиното потекло звучи како од научно-фантастичен филм?

Ако сте ја гледале мега-популарната серија или сте ја играле играта “The Last of Us”, името Кордицепс ви е добро познато. Таму оваа габа мутира, ги претвора луѓето во агресивни зомби и го уништува светот. Но во реалниот свет Кордицепс е еден од најдобрите пријатели на човековото здравје!

Cordyceps (Cordyceps Militaris ) стана незаменлив дел од денот на спортистите и биохакерите ширум светот. Најпрво, интересен податок за нејзиното мистериозно потекло: нејзиниот природен циклус е вистинско чудо на природата. Оригиналната приказна за Кордицепс започнува на едни од најсуровите предели на планетата – високите Хималаи (Тибет, Непал и Бутан), на надморска височина од 3.500 до 5.000 метри, каде што расте оригиналниот див Кордицепс (Cordyceps sinensis ) , која што е паразитска печурка. На тибетски јазик таа се нарекува “Yartsa Gunbu” што во превод значи “зимски црв, летна трева”. Нејзиниот природен циклус е вистинско чудо на природата: во есен, спорите на габата летаат низ воздухот и инфицираат гасеници кои живеат под земја. Во зима, габата полека се храни со хранливите материи на инсектот и целосно го мумифицира неговото тело. И на пролет, од главата на мртвата гасеница никнува мало портокалово-кафеаво тело во форма на коренче кое излегува над земјата за да испушти нови спори.

cordyceps-mushroom-militaris-bright-orange-medicinal-fungi-moss-striking-macro-photograph-mushrooms-vivid-growing-381254439.jpg

Легендата за тибетските пастири кажува дека пред повеќе од 2.000 години, тие забележале дека нивните јакови и кози стануваат неверојатно витални, полни со енергија и издрливи на суровиот студ, после пасењето. Пастирите тогаш ја откриле оваа габа и почнале и самите да ја консумираат, со што откриле дека им се намалува заморот и им помага полесно да дишат на големите височини, каде што кислородот е редок.

За разлика од Sinensis, кој расте исклучиво на тибетските висоранини, дивиот Cordiceps   Militaris, може да се најде во шумите низ Европа, Азија и Северна Америка . Во дивата природа Cordyceps Militaris е исто така паразит. Тој најчесто инфуцира кукли (какавиди) и гасеници на пеперутки кои се закопани во почвата или се скриени под паднатите лисја во влажните шуми. Откако ке го превземе инсектот под земјата, од него никнува препознатливото портокалво или светло-црвено плодно тело во форма на пипци (со должина од 2 до 5 cm), кое излегува над мовта или почвата. Најчесто никнува во доцно лето и есен (од август до ноември), кога има многу влага и дожд и расте во густи шуми, скриен помеѓу мов, гнило дрво и паднати лисја каде што има најмногу инсекти.

Постои и лабораториско одгледување на Cordyceps Militaris, тој еконтролиран процес во кој паразитскиот циклус се заменува со вегетативна култура на органска хранлива подлога, со цел на добивање на чисти, високовредни плодни тела. Најчесто како база се користи кафеав ориз, пченица или просо помешана со специјален нутритивен раствор (кој често содржи екстракт од квасец, глукоза, пептон и минерали како магнезиум и калциум), за да се имитира природната исхрана на габата.

Blog_Cordyceps_1_647c8eda-3c74-4336-89b5-805bd9926a2d.jpg

Благодарение на активната состојка кордицепин, аденозинот и специфичните полисахариди (бета-глукани ) , Кордицепсот ги нуди следниве здравствени придобивки:

  1. Енергија без нервоза (зголемување на АТP)

За разлика од кафето и енергетските пијалоци кои го стимулираат нервниот систем и потоа доведуваат до нагло паѓање на енергијата, Кордицепс работи на клеточно ниво. Тој го стимулира производството на аденозин трифосфат (АТP), кој е примарниот извор на енергија за нашите мускули и клетки. Резултатот е чиста, долготрајна издржливост и помал замор во текот на денот.

  1. Подобрување на дишењето и спортските перфоманси:

Кордицепсот е вистински хит меѓу спортистите (особено кај тркачите, велосипедистите и планинарите). Тој го подобрува начинот на кој нашето тело го користи кислородот.  Покрај тоа, помага во ефикасно исфрлање на млечната киселина од мускулите.

  1. Моќен имуномодулатор (природен штит) 

Благодарение на високата концентрација на бета-глукани, тој не само што го засилува имунитетот, туку и го балансира. Ако имунитетот е ослабен, Кордицепс го засилува производството на бели крвни зрнца, кои се борат против вируси и бактерии. Покрај тоа кордицепинот има директно антивирусно дејство бидејки ја поречува репликацијата на некои вируси во телото.

  1. Намалување на хроничните воспаленија (Anti-aging ефект)

Хроничното воспаление е корен на речиси сите модерни болести и го забрзува стареењето. Кордицепс ги потиснува специјалните протеини кои предизвикуваат воспаленија во организмот. Во тра диционалната кинеска медицина, тој со векови се користел за враќање на виталноста и подмалдување.

  1. Подобрување на либидото и плодноста

Кордицепс бил познат како “хималајска вијагра”. Студиите покажуваат дека тој помага во регулирање на хормоните, го подобрува протокот на крв, го зголемува сексуалниот нагон кај мажите и кај жените, а кај мажите докажано го подобрува квалитетот и бројот на сперматозоидите.

  1. Заштита не бубрезите, црниот дроб и срцето

Кордицепс е примарен тоник за бубрезите бидејќи помага во филтрација на токсините и ги штити од оштетувања предизвикани од силни лекови. Аденозинот во него помага во заштита на срцевиот мускул, го регулира срцевиот ритам (аритмија) и помага во одржување на нормално ниво на холестерол и триглицериди во крвта. Помага телото поефикасно да го внесе шеќерот од крвта во клетките, со што помага во одржување на стабилно ниво на гликоза кај луѓе кои имаат проблеми со дијабетес тип 2.

Кордицепс нуди чиста, научно потврдена подршка за организмот. Природата уште еднаш докажа дека ги има најдобрите решенија за предизвиците на модерниот, брз начин на живот. Време е самите да ја почуствувате разликата на вашата виталност.

 

Референци: 

1. Cordyceps militaris improves tolerance to high intensity exercise after acute and chronic supplementation

2. Pharmacological and therapeutic potential of Cordyceps with special reference to Cordycepin

3. A randomized controlled clinical trial examining the effects of Cordyceps militaris beverage on the immune response in healthy adults

4. Herbal Medicine: Biomolecular and Clinical Aspects. 2nd edition. - Cordyceps as an Herbal Drug

Добивајте известувања за сите попусти и промоции

Оставете ја вашата електронска пошта и добивајте редовни и навремени информации за нашите промоции!
Ви благодариме на довербата

Име и презиме
Телефон
Е-пошта
Порака
Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Your message has been sent. Thank you!