ШТО Е ВСУШНОСТ LION’S MANE И ЗОШТО СИТЕ ЗБОРУВААТ ЗА НЕА?
Lion’s Mane (Hericium erinaceus ) е функционална печурка со специфичен изглед кој потсетува на лавовска грива и оттука е и нејзиното име.
Природно таа потекнува од три континенти: Азија, Северна Америка и Европа . Таа е автохтона печурка за умерените шумски предели низ целата Северна Хемисфера. Во природата, оваа печурка расте во стари листопадни шуми. Се појавува кон крајот на летото и во есен, најчесто на стебла и на трупци од паднати дрвја како што се даб, бука, јавор и брест .

Lion's Mane со векови се користела во традиционалната азиска медицина, но денес науката потврдува зошто е толку моќна. Клучните, научно-поддржани причини зошто оваа печурка е исклучително здрава вклучуваат:
1. Го стимулира растот на мозочните клетки (Неврогенеза)
Она што ја прави единствена се две групи на активни компоненти: хериценони ( во плодното тело) и еринацини (во мицелиумот). Овие сотојки имаат способност да ја поминат крвно-мозочната бариера и да го стимулираат NGF (Nerve Growth Factor) – протеин клучен за раст, одржување и регенерација на нервните клетки (неврони). Едностано кажано, оваа печурка му помага на мозокот да се регенерира, да создава нови врски, го подобрува памтењето и го изострува фокусот.
2. Го подобрува фокусот и ја елиминира “менталната магла”.
Научните студии направени врз луѓе покажаа дека редовното користење на квалитетен екстракт од Lion’s Mane значително ги подобрува когнитивните функции кај повозрасни лица со проблеми со помнењето. Таа помага при:
- Побрзо процесирање на информации и подобра реакција на мозокот
- Подобра концентрација при учење или долготрајна ментална работа
- Намалување на таканаречената “brain fog” (чувство на заматеност во главата)
3. Помага во намалување на анксиозноста, стресот и депресијата.
Оваа печурка помага да се намалат симптомите на хронична анксиозност, депресија и го подобрува квалитетот на сонот.
4. Силна заштита на имунитетот и борба против воспаленија.
Како и повекето функционални печурки, оваа е преполна со бета-глукани (моќни полисахариди) и антиоксиданси. Тие директно ги хранат белите крвни зрнца, го намалуваат оксидативниот стрес (кој е заслужен за стареењето) и воспалителните процеси во телото, со што го прават имунолошкиот систем поотпорен на вируси и инфекции.
5. Ја обновува слузницата на желудикот и помага при дигестивни проблеми.
Во традиционалната кинска медицина, оваа печурка со векови се користела првенствено за стомакот. Денес е докажано дека нејзините антибактериски својства помагаат во инхибиција на бактеријата Helicobacter pylori и штитат од појава на чир на желудникот, додека истовремено ја подобрува цревната микрофлора.

Најважните и најцитираните светски студии кои ги дефинираат ефектите на Lion's Mane се:
1. Мори студија (Јапонија 2009) – Најважниот доказ за когниција
Испитување: Направено на 30 возрасни лица (од 50 до 80 години) со когнитивно оштетување (MCI).
Протокол: Испитаниците земале 3 грама чист прашок дневно во тек на 16 недели.
Резултати: Групата што земала Lion’s Mane покажала драстичен и континуиран раст на когнитивните функции и помнењето во неделите 8, 12 и 16, во споредба со плацебо групата.
Клучен заклучок: Истражувањата откриле дека само 4 недели откако испитаниците престанале да ја земаат печурката, нивните когнитивни резултати повторно почнале да опаѓаат.Ова докажува дека ефектот на Lion’s Mane бара континуирано користење за одржување на невропластичноста.
Наспроти оваа студија има и друга студија направена врз здрави и млади луѓе:
2. Студија кај здрави и млади луѓе (Велика Британија, 2023) – Брз ефект врз умот
Испитување: За ралика од претходните студии направени кај повозрасни лица, ова истражување тестирало 41 здрав млад човек на возраст од 18 до 45 години.
Протокол: Испитаниците земале еднократна акутна доза од 1,8 грама.
Резултат: Само 60 минути по земањето на дозата, испитаниците покажале значително побрзо извршување и обработка на информации при решавање на комплексни ментални задачи.
Клучен заклучок: По 28 дена континуирано користење, кај нив бил забележан тренд на значително зголемување на когнитивните функции и намалување на субјективниот стрес.

Референци:
1. Neurotrophic and Neuroprotective Effects of Hericium erinaceus
2. The Acute and Chronic Effects of Lion's Mane Mushroom Supplementation on Cognitive Function, Stress and Mood in Young Adults: A Double-Blind, Parallel Groups, Pilot Study










Добивајте известувања за сите попусти и промоции
Оставете ја вашата електронска пошта и добивајте редовни и навремени информации за нашите промоции!
Ви благодариме на довербата
