ЧАГА - “КРАЛ НА ПЕЧУРКИТЕ” И ПРИРОДЕН BIOHACKING
Чага (Inonotus obliquus) , потекнува од ладните северни предели на северната хемисфера, каде што владее остра и ладна клима со јаки зими и ниски температури дури до - 40 степени. Најпозната е Чагата од Сибир и Русија , покрај Русија, природно расте во Канада на Аљаска, во северните делови на САД, Скадинавија (Финска и Шведска) и североисточна Азија (Јапонија и Кореја).
Морфолошкиот изглед на Чагата е уникатен и воопшто не наликува на класична печурка. Таа е исклучително груба, испукана, сува и тврда, буквално изгледа како парче изгорено дрво или јаглен залепен за кората на брезата. Причината за бојата се должи на енормната концентрација на меланин (пигмент кој ја штити печурката од суровите сибирски и северни зими). Внатрешноста е златно-портокалова до кафеава боја. Големината може да варира од големина на тупаница, па сѐ до огромни формации тешки над 10 до 15 килограми кои можат да достигнат дијаметар од 30 до 40 сантиметри .

Чагата е паразитска печурка која што расте на стеблата од живите брези и се храни со хранливите материи од самото дрво. Спорите на Чагата навлегуваат длабоко во раните на стеблото на брезата и се храни со соковите и хранливите материи од дрвото – домаќин.
Иако за човекот е вистински еликсир за здравјето, за дрвото таа е инфекција која полека ја исцрпува неговата енергија во текот на 10 – 20 години, сѐ додека дрвото на крајот не угине. Иронијата на природата кај Чагата е во тоа што токму тој паразитски начин на живот ја прави толку лековита за луѓето. Таа со години ги концентрира најмоќните одбрамбени материи од брезата, како бетулинска киселина во своето тело, и она што ја прави толку лековита за луѓето е всушност одбрамбениот механизам на брезата што печурката го апсорбирала во себе.
Во Сибир и Азија ја нарекуваат “Дар од Бога” и “Печурка на бесмртноста” , а модерната наука денес само го потврува она што античките народи го знаеле со векови. Чагата е вистинска “бомба” од хранливи материи. Таа содржи над 200 биоактивни супстанции , меѓу кои:
Бета – глукани: Сложени шеќери кои директно го будат и балансираат имунитетот.
Бетулин и бетулинска киселина: Силни соединенија кои печурката ги апсорбира директно од кората на брезата и кои се истражуваат за нивните антиканцерогени својства.
Меланин: Пигмент кој ја штити кожата, косата и клетките од стареење од UV зрачење.
Витамини и минерали: Богата е со витамин Д, Б-комплекс, цинк, железо, магнезиум и калциум.

Кои се придобивките од Чагата:
1. Најсилен антиоксиданс: има една од највисоките вредности на ORAC скалата (способност за уништување на слободните радикали). Го забавува стареењето на клетките.
2. Моќен имуномодулоатор: Го зголемува производството на бели крвни зрнца, помагајќи му на телото полесно да се бори против вируси и бактерии.
3. Намалување на воспаленијата: Хроничното воспаление води до дијабетес, срцеви болести и артририс. Чагата помага во гаснење на овие “пожари” во организмот.
4. Уништување на слободните радикали: Поради екстремно високата содржина на антиоксиданси, таа го спречува оштетувањето на ДНК-та на клетките, што е главна причина за појава на тумори. Бетулинската киселина има способност да предизвика апоптоза (самоуништување) на канцерогените клетки, без да ги оштети здравите клетки. Често се користи како поддршка за намалување на несаканите ефекти од хемотерапија.
5. Помош кај дијабетес тип 2: Истражувањата покажуваат дека Чагата може значајно да го намали нивото на гликоза во крвта и да ја подобри чувствителноста на инсулин. Го намалува “лошиот” холестерол (LDL) и триглицеридите, со што го спречуваат таложењето на наслаги во крвните садови и го штити срцето.
6. Намалување на хронични воспленија, стрес и стареење: Многу модерни болести (артритис, срцеви болести, колит) се резултат на хронично воспаление. Чагата ги блокира воспалителните цитокини во телото. Му помага на организмот да се справи со физичкиот, емоционалниот и еколошкиот стрес, ја враќа енергијата и ја намалува хроничната исцрпеност. Поради големото количество на меланин, ја штити кожата од предвремено стареење предизвикано од сонцето и надворешните влијанија. Уште во минатото Чагата се користела за лекување на чиреви на желудникот, гастритис и воспалителни процеси во цревата, бидејќи ја штити и ја смирува слузокожата на стомакот.
Чагата нѐ потсетува дека најмоќната лабораторија е самата природа. Таа не е само обичен тренд кој ќе го земете по потреба – таа е врвна алатка за природен биохакинг . Со нејзиното внесување во секојдневната рутина, вие му го давате на телото токму она што му е потребно за да остане во совршен баоланс, да се избори со стресот и да изгради челичен имунитет.










Добивајте известувања за сите попусти и промоции
Оставете ја вашата електронска пошта и добивајте редовни и навремени информации за нашите промоции!
Ви благодариме на довербата
