info@dragonfly.mk +389 78 387 388 +389 78 424 304

МИСТИЧНАТА МОЌ НА СИНИОТ ЛОТУС

Blue Lotus (Nymphaea caerulea ) е еден од најмистичните цветови во историјата, познат по својата убавина, смирувачки ефекти и длабоката духовна симболика. Синиот Лотус потекнува од регионот на Источна Африка, поточно долж реката Нил во Египет. Иако денес е распростанет на повеќе места низ светот со тропска клима (вклучувајќи делови од Азија, како што е Индија), неговата прататковина и срцето на неговата историја е токму Античкиот Египет. Таму овој цвет диво растел долж бреговите на Нил и во плитките езера.

Поради својата поврзаност со сонцето и водата, тој станал клучен дел од египетската култура, религија и медицина уште пред илјадници години. Египетската митологија за Синиот Лотус е длабоко поврзана со сонцето, создавањето на светот и тајните на животот. Овој цвет за старите Египќани не бил само убаво растение, туку самиот симбол на првата искра на живот во универзумот. Во стариот Египет, Амон – Ра бил духовен бог и се сметал за “Kрал на боговите” , Амон - бог на воздухот, ветерот и скриената моќ, Ра - врховен бог на сонцето и создателот на животот. Кога лотусот ги отворил своите ливчиња, од неговото срце излегло златна светлина и се родил Ра, богот на сонцето.

ayamani-blue-lotus-petals-flower-of-intuition_2048x.webp-2.jpeg

Синиот Лотус е мешавина од активни алкалоиди, силни антиоиксиданси и есенцијални масла кои сите заедно му ги даваат неговите карактеристични смирувачки и психоактивни својства.

  1. Синиот Лотус содржи два главни алкалоиди: апоморфин (apomorphine) и нуциферин (nuciferine ) и овие се најважните кои влијаат директно врз мозочните рецептори:

Nuciferin (Nuciferine ): Ова е примарниот алкалоид во цветот и го има во најголема количина. Тој дејствуава како природен смирувач, помага во релаксација на мускулите и има антипсихотични својства кои го намалуваат менталниот немир и анксиозноста.

Апомофин (Apomorphine ): Психоактивен алкалоид кој функционира како стимулатор (агонист) на допаминските рецептори во мозокот. Тој е заслужен за чувство на среќа, блага еуфорија, подобрување на расположението и релксација.

  1. Моќни антиоксиданси (Флавоноиди):

Синиoт Лотус содржи над 20 различни антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетување и го намалуваат воспалението во телото: Кверцетин, Кемпферол и Мирицетин -  силни растителни пигменти и флавоноиди кои го подржуваат имунитетот и кардиоваскуларното здравје. Овие силни антиоксиданси ги неутрализираат слободните радикали во телото, го намалуваат воспалението и го подржуваат имунолошкиот систем. Потоа, содржи антоцијани и во помала количина се и алкалоидите лотусин, деметилкоклаурин и неферин , кои имаат докажани антиифламаторни (противвосплиелни) и аналгетски својства.

  1. Терпени и есенцијални масла (ароматични супстанции ):

Цветот е богат со испарливи органски соединенија, кои му го даваат неговиот специфичен и сладок мирис. Кога се користи како екстракт или масло, Синиот Лотус има силно хидратантно својство, го балансира лачењето на себум (маснотија) кај кожата и помага против предвремено стареење. Исто така содржи и одредени количини на природни масни киселини и фитостероли кои дополнително помагаат во хидратација на кожата, кога лотусот се користи во козметички препарати.

  1. Потикнување на луцидни соништа:

Голем дел од луѓето го користат Синиот Лотус, токму поради неговата способност да ги направи соништата исклучително живописни. Тој ја зголемува свесноста за време на спиењето, што олеснува постигнување на т.н. луцидно сонување (состојба во која сте свесни дека сонувате и можете да го контролирате сонот). Помага за побрзо тонење во длабок сон, со што умот и телото се будат поодморени.

  1. Спазмолитичко дејство (опуштање при грчеви):

Помага во опуштање на мускулатурата. Одличен е за ублажување на менструлни грчеви, болки во стомакот или напрегање на мускулите при физички напор.

  1. Природен афродизијак : 

Уште во древниот Египет, синиот лотус се користел при зголемување на либиото и поттикнување на социјална блискост и релаксација помеѓу луѓето.

images-2.jpeg

Како се подготвува совршен чеј од Син Лотус?  

Методот на подготовка е едноставен, но бара да се внимава на температурата на водата, за да не се уништат активните супстанци.

  1. Дозирање: Ставете еден сув цвет во голема шоља или чајник.
  2. Вода: Загрејте свежа вода, но не ја оставајте целосно да зоврие (идеалната температура е околу 85-90 ℃). Ако веќе зоврела, оставете ја да се олади 2 минути пред да го прелиете цветот.
  3. Покривање и киснење : Прелијте го лотусот со околу 200-250 мл вода и задолжително покријте ја шољата со тацна. Ова ги заробува активните компоненти и есенцијалните масла кои што се наоѓаат во пареата. Оставете да кисне 10-15 минути.
  4. Служење: Процедете го чајот (или извадете го цветот). Вкусот на чајот е нежен, цветен, малку земјест и сладок. По желба може да додадете малку мед или лимон.

Добивајте известувања за сите попусти и промоции

Оставете ја вашата електронска пошта и добивајте редовни и навремени информации за нашите промоции!
Ви благодариме на довербата

Име и презиме
Телефон
Е-пошта
Порака
Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Your message has been sent. Thank you!