info@dragonfly.mk +389 78 387 388
info@dragonfly.mk +389 78 387 388

Вилинското Коњче е гласник од рајот!

Представува надеж, промена и љубов. Последната, а можеби и најважната лекција на Вилинското Коњче, лежи во неговиот краток живот.

Во нашево претставување, би сакал да почнам од името на нашата компанија и што тоа претставува.DRAGONFLY (Драгонфлај) или кај нас познат како Вилинско Коњче е симбол на нашето лично освестување, спознавање и промената во нашите животи. Културното и митолошкото значење на Вилинското Коњче го покажува неговото трајно присуствово човечката имагинација и духовност. Служи како моќен симбол на позитивни квалитети како што се храброст, трансформација, радост и приспособливост, а истовремено ја отелотворува врската помеѓу физичката и духовната сфера.Како духовно животно, Вилинското Коњче претставува мудрост и издржливост да се прилагоди на промените.

Бидејќи вилинското коњче ја менува формата во текот на својот живот, тоа ја претставува вашата трансформација и осознавањето на вашето вистинско ЈАС. Вилинските Коњчиња симболизираат среќа и просперитет и дефинитивно може да укажат на тоа дека “позитивно искуство е на патот пред нас“. Можат да се појават во вашиот секојдневен живот или во вашите соништа.

Какво значење има
кога ќе видите Вилинско Коњче?

...

Вашето ниво на просветлување созрева

...

Трансформацијата кон подобро се случува

...

Парите си го наоѓаат патот кон вас

...

Длабоко сте поврзани со природата

...

Право време е за промени

Вилиските Коњчиња се чувари на соништата, внатрешна енергија којашто го согледува целиот наш потенцијал и способност.

Тие инспирираат духовност и креативности ни помагаат на патот на откритијата и просветлувањето и не потсетуваат дека - СЕ Е МОЖНО.

Погоре опишаните карактеристики и значења на Вилинското Коњче, ни ја дадоа инспирацијата за име на нашиот бренд и за формирање на нашата компанија, фокусирана на испорака на најквалитетни органски и одржливо обработени билки, производи од билки, производи кои ќе ви овозможат поинаков животен стил, кои ќе ви помогнат да почнете со вашата трансформација кон вашето подобро утре. Ќе ви овозможиме едно преубаво патување низ целата планета, затоа што нашите производи потекнуваат од сите страни на светот,. Ќе се запознаете со производи што древните племиња ги употребуваат во практиките, во ритуалните и лекувачки церемонии, во Амазонија, Индија, Хималаите, Африка.

Веруваме дека хербалната – природна медицина, треба да им помага на луѓето кои ја користат како и на природните екосистеми од кои доаѓаат билките.

Обезбедување на природна медицина за идните генерации

Сакаме да помогнеме да се постигнат одговорни практики за управување со билки и заштита на екосистемите,обезбедувајќи природната медицина од растенија, да биде достапна за идните генерации. Сметаме дека лековитите билки треба да бидат достапни за сите, а како онлајн продавница, благодарни сме што можеме да понудиме свежи и квалитетни билки. Нашата цел е да направиме позитивна разлика во светот, во однос на она на што им е наметнато на луѓето.

Погледни производи

Нашата мисија е да ги испорачаме најдобрите суви билки и хербални производи за секого.

Исто така, наша цел е да дадеме поздрави алтернативи на тутунот и производите од тутун, здрави алтернативи кои ќе ги ослободат луѓeто од никотинската зависност и ќе им го подобрат квалитетот на животот. Ќе обезбедиме висококвалитетни природни производи за оние кои сакаат да ја истражат нивната свест, да си го подобрат своето здравје и да бараат алтернативни патишта за да научат и откријат повеќе за себе и за светот. Ние веруваме во интеракцијата помеѓу луѓето, растенијата и различните соединенија што природата може да ни ги понуди.

Спојувањето со различни растителни лекови може да обезбеди вредни сознанија, промена во перспективата и да нè научи или покаже на што треба да се фокусираме или каде и како треба да се лекуваме. Не само тоа, туку и растенијата можат да бидат одлична алтернатива за помош на разни заболувања. Доста често откриваме дека западните решенија можат да дојдат со различни непријатни несакани ефекти или да не функционираат до степен до кој би сакале. За среќа, постојат природни алтернативи кои можат да работат исто толку добро или уште подобро, без никакви негативни несакани ефекти.

Откријте Ја Моќта на Природата

Ние веруваме дека подоброто спиење, решавањето на проблемите со несоницата, можноста да се опуштите со поголема леснотија во текот на денот, да го зајакнете вашиот имунолошки систем или да стекнетеповеќе енергија за да ги завршите работите, може навистина да направи голема разлика во нашите животи!
Драгонфлај е тука за да помогне да станеме подобри луѓе - подобри членови на семејството, пријатели и соседи. Веруваме дека природатa може да ни помогне да го направиме тоа и дека решенијата се природно насекаде околу нас и се стремиме да гообезбедиме токму тоа - најчистите и најмоќните лекови што мајката природа ги нуди.

Погледни производи

Добивајте известувања за сите попусти и промоции

Оставете ја вашата електронска пошта и добивајте редовни и навремени информации за нашите промоции!
Ви благодариме на довербата

Име и презиме
Телефон
Е-пошта
Порака
Loading
Your message has been sent. Thank you!
Loading
Your message has been sent. Thank you!